Утрински Весник
Свет

Уапсен осомничениот за убиство на шест лица на парадата во Чикаго

300x250 (7)

Американската полиција уапси осомничен за убиството на шест лица во масовното пукање на парадата на Денот на независноста во Хајленд Парк, предградие на Чикаго.

dobivaj vesti na viber

„Роберт Е Кримо III (22) е приведен по кратка потера“, соопшти полицијата.

Img 5587

Напаѓачот се качил на покривот и по случаен избор пукал во гледачите користејќи пушка со голема моќност, јавува Би-Би-Си.

Ова е последното масовно пукање што ги погоди САД. Од почетокот на 2022 година, секоја недела има по едно масовно пукање. Претседателот Џо Бајден рече дека е шокиран од насилството.

Неколку часа подоцна, двајца полицајци беа ранети во пукање во Филаделфија за време на огномет на 4 Јули.

Вооружениот напаѓач отвори оган на парадата, во близина на градот Чикаго, околу 10:15 часот по локално време, само неколку минути по нејзиното започнување.

Гувернерот на Илиноис Џеј Роберт Прицкер предупреди дека масовните престрелки стануваат американска традиција.

„Ќе има луѓе кои ќе кажат дека денес не е тој ден, дека сега не е време да се зборува за оружје. Ви велам дека нема подобар ден и подобро време од овде и сега“, рече демократскиот гувернер.

Претседателот Бајден вети дека ќе продолжи да се бори против „епидемијата на оружено насилство“ во земјата.

– Нема да се откажам – рече тој говорејќи пред Белата куќа во Вашингтон.

Ss1

Можете да прочитате

Светски економски форум: Вакви нивоа на долг не се забележани уште од времето на Наполеон

Пропалестинските демонстранти ја окупираа зградата на Американскиот универзитет Колумбија

Турк вознемирен од третманот на пропалестинските протести на американските универзитети