Утрински Весник
Спорт

По Кеси, Барса го потврдија и Кристенсен

300x250 (7)

Андреас Кристенсен е вториот слободен фудбалер кој Барселона го добива во летниот преоден рок, по потписот на Френк Кеси, откако данскиот дефанзивец потпиша четиригодишен договор со тимот на Чави Ернандез.

26-годишниот Кристенсен ги одбиваше сите понуди за нов договор од Челси, каде што помина 10 години и имаше 161 настапи за првиот тим. Кристенсен ќе биде засилување на позицијата централен бек, иако во тимот веќе е Роналд Араухо, како и Ерик Гарсија и Жерард Пике. Клемен Ленгле, Самуел Умтити и Оскар Мингуеза остануваат на „Ноу Камп“, но се верува дека веќе им е соопштено дека нема да сметаат на нив.

300x250 (7)

Кристенсен по настапите во академијата на Челси, дебитираше за клубот во 2014, пред да помине две сезони на позајмица во Борусија Менхенгладбах во 2015 и 2017.

Ss1

Можете да прочитате

Нов кикс на Ливерпул, сè подалеку од титулата

Лудница во спринтот во Херез, победи Мартин

Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО