Утрински Весник
Македонија

219 санкционирани возачи во Скопје, 55 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (01.07.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 219 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 30 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.

Изречени се 10 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, три мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за непрописно престројување на возила, четири мерки за неносење на сигурносен појас…

Засилените акциски контроли продолжуваат.

Можете да прочитате

Собранието демантира дека плаќа приватно здравствено осигурување за пратениците и за вработените

Груби во судница, Бајрами во бегство: Почна судењето за „Државна лотарија“

„Матица македонска“ одбележува 35 години