Утрински Весник
Македонија

На ГП „Табановце“ се чека еден час, на „Богородица“ до 30 минути

Од 15 до 30 минути чекање на ГП Богородица и Дојран за излез и на ГП Табановце за влез во државата

Поради зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за влез во земјава на ГП „Табановце“ е околу еден час, а за излез на ГП „Богородица“ од 15 до 30 минути.

На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

Информациите се дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Можете да прочитате

Експерти утврдиле девет непотребни операции на срце, наодите се уште не се кај обвинителите

За два часа шест приведувања на турски државјани во Аеродром поради нерегулиран престој

Филипче се сомнева дека Славески бил избран за гувернер за да го овозможи влезот на АЛТА банка