Утрински Весник
Свет

Најмалку пет жртви во земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтер во Иран

Ss2

Најмалку пет лица загинаа во јужен Иран откако утринава земјотрес со јачина од 6,1 степен по Рихтеровата скала ја погоди таа област, по што следувале уште два силни потреси со јачина и до 6,3 степени по Рихтер. Потресот бил на длабочина од 10 километри, додава ЕМСЦ.

„Петмина луѓе загинаа, а до сега 12 се хоспитализирани“ изјавил началникот за вонредни ситуации во провинцијата Хормозган, пренесува „Ројтерс“.

Тој наведе дека спасувачката акција е завршена и обезбедени се шатори за сместување на итните случаи.

Државната новинска агенција ИРНА соопшти дека првиот потрес го срамнил со земја селото Саје Кош во близина на иранскиот брег. Следувале уште десетина потреси.

Во Иран се вкрстуваат главните геолошки раседни линии и претходните години земјата претрпела неколку разорни земјотреси, наведува „Ројтерс“.

Ss1

Можете да прочитате

САД градат привремено пристаниште во близина на Газа за испраќање хуманитарна помош

Во Австралија зголемен бројот за повеќе од половина на граѓаните кои живеат во сиромаштија

Лукашенко: Опозицијата и НАТО планираат напад врз Белорусија