Утрински Весник
Свет

Туристка од Англија паднала од осум метри висина додека правела селфи во Црна Гора

Туристка од Англија е тешко повредена откако паднала од осум метри висина додека правела селфи во туристичкото место Бар, во Црна Гора.

Несреќата се случила на Паштровачка гора, на кривината од Вирпазар кон Петровац, јавува порталот „Приморски“.

Повредената жена од провалија ја извадиле припадници на Службата за заштита и спасување од Бар. Службата за заштита и спасување соопшти дека жената имала среќа, со оглед дека теренот бил карпест и стрмен, а таа паднала од висина од околу осум метри.

На жената и била укажана итна медицинска помош на лице место, по што била пренесена во Клиничкиот центар на Црна Гора.

Не е познато колку тешко е повредена Англичанката.

Можете да прочитате

Мерц во ненајавена посета на Украина; Захарова: Убиецот се враќа на местото на злочинот

Иран: Го осудуваме насилното задушување на студентските протести во Франција

АфД со рекордна поддршка од 30 проценти и огромна предност во однос на другите