Утрински Весник
Македонија

Приведени малолетник и 18-годишен скопјанец, краделе со електрошок

Денеска во Скопје, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Карпош и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.С.(18) и малолетник, двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на 04.06.2022 на ул.„Миле Поп Јорданов“ со употреба на електрошок од З.М. од Скопје одзеле чанта со лични документи и платежна картичка, која ја употребиле на неколку бензински станици.

При претрес во домот на М.С., извршен со судска наредба, бил пронајден електрошокот и други предмети кои потекнуваат од кривичното дело.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Од невремето 117 оштетени возила и 189 паднати дрвја само во Скопје

ЦУК затрупан со повици – над 8.300 пријави за само четири часа по невремето

УХМР предупредува: Невреме со дожд и силен ветер се приближува кон Македонија