Утрински Весник
Македонија

Има зголемување на бројот на заразени со Ковид-19, објави Комисијата за заразни болести

Комисијата за заразни болести на денешниот состанок констатираше дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на Ковид-19 во однос од минатата недела, и тоа зголемувањето изнесува 65.8%.

Воедно, констатирано е дека нема зголемување на бројот на хоспитализации (во моментот се хоспитализирани 10 пациенти со Ковид-19) и нема зголемување на бројот на смртни случаи.

„Согласно овие параметри и земајќи го предвид трендот на зголемување на позитивните случаи од Ковид во соседните држави и светот, потсетуваме на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, згрижувачките установи, аптеките и јавниот превоз. Дополнително, препорачуваме граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се: заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце“, велат од комисијата.

Појаснуваат дека Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки.

Можете да прочитате

Тошковски: Отворање на граничен премин кај Маркова нога ќе биде од значење за развивање на туризмот

АКТУЕЛНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: УТРЕ (НЕДЕЛА) ОЧЕКУВАЈТЕ НОВИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД И СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ – Температурите позначително ќе опаднат

Филипче: Невработеност од најниски 7% и поддршка од 180 милиони евра за бизнисот