Утрински Весник
Македонија

20 нови јавори и друго зеленило во дворот на новата детска градинка во населба Пролет, најави Општина Ценатр

Општина Центар многу наскоро ќе започне со изградба на првата детска градинка во населба Пролет, на вкупна бруто површина од 3276 метри квадратни, со што ќе биде една од најголемите детски градинки во државата, најавуваат од таму.

За таа цел, како што појаснуваат, во наредните денови ЈП „Паркови и зеленило“ по налог на општината ќе отстрани 4 дрва (2 копривки, липа и софора), со кои ќе се ослободи простор и ќе се овозможи изградба на градинката. Дополнително, со помош на специјална механизација, ќе бидат пресадени уште 4 јасени во парцелата на која ќе се гради градинката.

На местото на отстранетите дрва, Општина Центар, како што додаваат од таму, ќе засади нови 20 високо калемени садници од видот Јавор (Acer campestre) и друг вид на средно и ниско зеленило кое на просторот околу објектот на градинката ќе му даде нова свежина и нов лик.

По завршувањето на градежните активности поврзани со новата градинка, ќе се добие зелена површина на околу 2000 метри квадратни, со што општината ќе заштити животната средина, а овој простор ќе стане ново зелено катче во населбата Пролет.

„Детската градинка, која наскоро ќе започне со изведба, е првата целосно нова градинка која ќе се гради во Општина Центар по повеќе од 50 години, прва воопшто во населбата Пролет, а децата од оваа населба ќе добијат нов, современ и квалитетен објект за престој, забава и другарување3, велат од општината.

Можете да прочитате

(Фото+Видео) Ноќ на труење, голем пожар на Дрисла го прекри градот во чад

Филипче: Аферата со АНБ е измислена, ВМРО-ДПМНЕ се плаши од вистината

Сиромашни сме за нула отпад, смета премиерот – создаваат магла и растураат пердуви