Утрински Весник
Свет

Санчез до Путин: Нема да победите

Ss2

Русија претставува директна закана за безбедноста на земјите од НАТО кои се собраа на самитот во Мадрид, изјави генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.

„Јасно ќе ставиме до знаење, на самитот што треба да ги ревидира насоките на НАТО за прв пат од 2010 година, дека Русија претставува директна закана за нашата безбедност“, нагласи Столтенберг.

300x250 (7)

На самитот, лидерите на НАТО ќе усвојат нов Стратешки концепт за следните 10 години, кој ќе ги дефинира безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата и ќе ги наведе политичките и воените задачи што НАТО треба да ги изврши за да ги реши. Во последниот Стратешки концепт усвоен во 2010 година, Русија беше дефинирана како стратешки партнер на НАТО.

Шпанскиот премиер Педро Санчез рече дека НАТО има јасна порака за рускиот претседател. „Испраќаме силна порака до Путин: Нема да победите“, рече тој.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, пак, кажа дека сојузниците на НАТО ќе продолжат да ја снабдуваат Украина со оружје онолку долго колку што е потребно.

„Добро е што земјите собрани овде, како и многу други, даваат свој придонес за Украина да може да се одбрани – со обезбедување финансиски средства, хуманитарна помош, но и со обезбедување оружје што итно и е потребно на Украина“, рече Шолц.

„Ние ќе продолжиме да го правиме тоа, и тоа интензивно, се додека Украина има потреба да се брани“, додаде тој.

Ss1

Можете да прочитате

Бајден го потпиша законот за воена помош за Украина и за Израел

Блинкен во посета на Кина

Словенечката опозиција бара истрага за случаите на кражба на бебиња