Утрински Весник
Спорт

Швјонтек ја „здроби“ Фет, сега има рекордни 36 победи во низа

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Светската тенисерка број 1, Ига Швјонтек влезе во историјата на тенисот со супер-лесна 6:0/6:3 победа над Хрватката Јана Фет во првото коло на Вимблдон, за сега да има неверојатни 36 победи едноподруго.

Серијата на полската тенисерка трае од февруари, период од кој освои шест титули и е најдолгата победничка серија во 21. век, рушејќи го рекордот на Венус Вилијамс од 2020. Првата фаворитка имаше чест да игра на „Централниот терен“, вообичаено осигуран за акутелната шампионка, но Австралијката Ешли Барти се пензионираше од спортот.

Во првиот меч по финалето на Ролан Гарос, Швјонтек започна фантастично со 6:0 во првиот сет освоен за 33 минути, за Фет да се закани со камбек за 3:1 водство во вториот сет, но тогаш Полјачката врати со пет гема во низа за комплетирањето на победата.

> Швјонтек ја „здроби“ Фет, сега има рекордни 36 победи во низа <

Можете да прочитате

Вардар предложи јужната трибина да го носи името Васил Рингов

Нов трипл-дабл за Јокиќ, но пораз на неговиот тим

Јувентус по три победи во низа, се проби на третото место