Утрински Весник
Македонија

Скопјанец со столче ја тепал сопствената мајка

Dik 300x250 mk

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 31-годишен скопјанец осомничен за кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 21. јуни во вечерните часови, во семејниот дом на улицата „Дебарца“ во Скопје, осомничениот при вршење семејно насилство со умисла тешко телесно ја повредил својата 70-годишна мајка.

Тој најпрвин започнал вербална расправија, а потоа физички ја нападнал, удирајќи ја со раце по лицето и телото. Продолжил да ја удира со столче, при што ѝ нанел тешки телесни повреди и ѝ ги скршил двете раце.

Од страв да не биде повторно нападната, оштетената го напуштила домот и го пријавила настанот на 24. јуни, кога осомничениот повторно станал агресивен кон неа.

Надлежниот јавен обвинител оцени дека постојат околности кои очигледно укажуваат на можност осомничениот да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор.​​

Можете да прочитате

МВР опомена 150 граѓани кои зборувале на телефон додека поминувале на пешачки

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

ВЛЕН: Неуспехот не може да се рекалибрира, ДУИ/НАИ се затворено поглавје!