Утрински Весник
Спорт

Данецот Ларс Валтер е нов тренер на Еурофарм Пелистер

Dik 300x250 mk

Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Пелистер за нов тренер го назначи Ларс Валтер. 56-годишниот стручњак од Данска потпиша двегодишен договор и официјално ќе биде претставен по неговото доаѓање во Битола пред стартот на подготовките.

Валтер има долгогодишно искуство и многу трофеи во тренерската кариера. Тој во Македонија доаѓа од Полска, каде го водеше тимот на Азоти Пулави, а претходно беше предводник на Фленсбург, Порто, Кадетен Шафхаузен, Висла Плок, Баја Маре, Горење, Емсдетен, Хилдехајм, Конверсано и данските екипи Роар Роскилде, Есбјерг и Вирум.

Со Висла беше шампион на Полска, со Баја Маре го освои романското првенство, двапати триумфираше во шампионатот на Швајцарија со Кадетен Шафхаузен, а има забележителни резултати и во евро-куповите, каде играше во нокаут фазата на Лигата на шампионите со Висла и Горење. Во 2011 и 2012 година е прогласен за тренер на годината во Полска.

Претходно како ракометар Ларс Валтер ги носел дресовите на Алборг и на Брондеслев во Данска, на Нордхорн и на Емден во Германија, на Маритимо и на Спортинг во Португалија и на Акуреји во Исланд.

> Данецот Ларс Валтер е нов тренер на Еурофарм Пелистер <

Можете да прочитате

Синер доби рекет од три килограми направен од чисто злато по освојувањето на „Сикс Кингс Слем“

Ѓоковиќ обезбеди учество на завршниот Мастерс

Македонската репрезентација две места подолу на ФИФА рангирањето