Утрински Весник
Свет

Пензиониран полковник кој некогаш чувал руски „нуклеарен куфер“ се обидел да се самоубие

Пензиониран полковник на руската Федерална служба за безбедност, кој неодамна беше обвинет за примање мито, вчера бил пронајден со прострелна рана во неговиот стан во селото Нови кај Москва.

Пензионираниот полковник Вадим Зимин пиел алкохол со својот брат, а во еден момент отишол во друга соба. Тој потоа се обидел да се самоубие, според првичните резултати од официјалната истрага објавени од руските медиуми.

Брат му повикал брза помош, а Зимин преживеал и во тешка состојба бил префрлен на интензивна нега.

Во декември 2021 година, Зимин беше уапсен под сомнение дека земал мито од претприемачи во износ од 10 проценти од секоја зделка склучена со државен договор. Тој бил разрешен од должноста во Централната царинска управа и во текот на истрагата му бил одреден домашен притвор.

Тој бил задолжен за чување на куферот за контрола на руските нуклеарки додека на власт бил поранешниот руски претседател Борис Елцин. Зимин потоа продолжил да работи во службата за безбедност, а во времето на Владимир Путин бил унапреден во чин на полковник.

Во јавноста има само една фотографија од Вадим Зимин.

Во Русија има три куфери кои содржат предаватели кои може да покренат нуклеарен напад доколку се активираат во исто време. Едната актовка е до претседателот на Русија, а другите две се кај други двајца високи функционери.

Можете да прочитате

Израелската војска принуди 1.200 Палестинци да ги напуштат домовите во Хеброн

Во судир на два воени авиони за време на тренинг лет на Филипините загинаа четири пилоти

Протести во Чешка поради промени во финансирањето на медиумите, демонстранти се обидоа да влезат во Парламентот