Утрински Весник
Свет

Вархеји: Му благодариме на Борисов за историската одлука за Европа и за Северна Македонија

Оливер Вархеи – еврокомесарот за проширување на Европската Унија изрази благодарност до лидерот на бугарската партија ГЕРБ – Бојко Борисов, кој денеска соопшти дека францускиот предлог е прифатлив за неговата партија.

„Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ, Бојко Борисов, за историската одлука за Европа и за Северна Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, дозволувајќи да се отворат пристапните преговори со Северна Македонија. Очекуваме владата да ги достави неопходните предлози до парламентот денеска за да може Европа да оди напред“ – напиша Вархеји на Твитер.

Борисов изјави дека ГЕРБ ќе даде „зелено светло“ за почеток на пристапни преговори на ЕУ со Северна Македонија и Албанија, ако има таков предлог од бугарската Влада во бугарскиот Парламент.

Можете да прочитате

Шефот на чешката разузнавачка служба: Русија би можела да го тестира НАТО со напад врз Балтикот

Над 30 загинати во самоубиствен бомбашки напад во Пакистан

Русија со драматично предупредување: Напуштете го Киев веднаш!