Утрински Весник
Свет

Русите го повикаа на разговор амбасадорот на ЕУ поради одлуката на Литванија

Амбасадорот на Европската унија во Русија, Маркус Едерер пристигна во руското Министерство за надворешни работи, каде што беше поканет на разговори поради одлуката на Литванија да забрани транзит на одредена стока во регионот на Калининград, пренесува руската агенција РИА Новости.

Гувернерот на Калининград Антон Алиханов вчера најави дека руското Министерство за надворешни работи ќе го покани на разговор евроамбасадорот во Москва, бидејќи Литванија воведе забрана за транзит на стока во руската област Калининград.

Претходно руското Министерство за надворешни работи соопшти дека Москва бара од Вилнус да ја укине забраната за железнички транзит на стока до енклавата Калининград на Балтичкото Море, а во спротивно, како што наведоа, го задржува правото да возврати.

Министерството нагласи дека Русија го смета потегот на Литванија како непријателски, наведувајќи дека таа ги прекршила меѓународните правни обврски, односно Заедничката изјава на ЕУ и Руската Федерација од 2002 година за транзит меѓу Калининградската област и остатокот од Руската Федерација.

Литванските власти на 18 јуни објавија дека на тој ден ќе стапи на сила забраната за транзит на стоки под санкциите на ЕУ преку нивна територија до руската енклава Калининград.

Можете да прочитате

На 25 септември Ердоган оди на гости кај Трамп

Зеленски: Тројца убиени и десетици ранети во рускиот напад со дронови и ракети врз Украина

САД нападнаа брод кој превезува дрога, објави Трамп