Утрински Весник
Македонија

ЗНМ: Политичарите да не омаловажуваат новинари во своите јавни говори

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) реагира на непримерната комуникација на Христијан Мицкоски, претседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, преку која јавно се омаловажуваат новинари што известуваат за билатералниот спор со Бугарија.

Тој во својот партиски говор на митингот што се одржа во саботата пред Владата истакна: „Нè лажеа дека не преговараат за јазикот, дека не преговараат за идентитетот, а денес оние платени, за волја на вистината, малкумина владини пера, преку мали колумнички, нè убедуваат дека триумфирале по којзнае кој пат“.

Укажуваме дека јавното етикетирање на новинарите и на медиумите, посебно од страна на претседатели на политички партии, негативно се одразува на слободата на медиумите и придонесува за цензура и самоцензура.

Вакви јавни наративи директно ги поттикнуваат партиските симпатизери да повикуваат на говор на омраза кон новинари и медиумски работници на социјалните мрежи. Агресивниот говор на омраза и заканите кон новинари може да резултираат и со дела од омраза, со што дополнително може да се загрози безбедноста на новинарите, а со тоа и правото на информирање на граѓаните да примаат информации за важни општествени процеси.

Потсетуваме дека уредничката и новинарската независност е неприкосновена и таа не смее да биде под притисок на политичарите бидејќи на тој начин се влијае јавниот интерес да се претвори во партиски, а тоа да биде на штета на граѓаните и на нивното право на информирање.

Можете да прочитате

Пронајден починат вработен во Пожарната во Илинден

Мицкоски: Потребно е системско решение за аерозагадувањето, развиваме проект со кој ќе се реши проблемот со затоплувањето на домовите

МВР доби нови 120 полициски возила опремени со најсовремените тетра системи