Утрински Весник
Македонија

Иво Котевски стана управител на хотелот „Мериот“

Иво Котевски, поранешен портпарол на Министерството за внатрешни работи, е назначен за нов директор на компанијата сопственик на „Мериот“, хотелот со убедливо најголеми приходи во земјата, објави Фактор.

Котевски кој со години ја извршуваше функцијата директор на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, пред две недели е назначен за нов управител на Хотел Гранд М, компанијата која управува со „Мериот хотел Скопје“, на местото на Дарко Дракуловски.

Инаку, Обвинителството за организиран криминал и корупција пред два месеци замрзна голем дел од имотот на поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков, којшто е осомничен во судскиот процес „Империја“. Во замрзнатиот имот се и уделите во познатиот скопски хотел на Плоштад Македонија.

Можете да прочитате

Ристов најави паметни броила: Во секое време ќе знаете колку струја трошите и по која цена

РКЕ подготвува промени на евтината тарифа: Нови термини поради промените на пазарот на струја

Ристов до бензинските: Не кријте гориво пред поскапување, казните се огромни