Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Ако нема договор за избори, ВМРО-ДПМНЕ ќе преземе протестни активности низ целата држава

ВМРО-ДПМНЕ заедно со граѓаните, со јавноста, со населението оди до крајната цел, а тоа се предвремени парламентарни избори на кои што ќе падне оваа криминална и катастрофална Влада која што ја уништува Република Македонија, истакна на денешната прес-конференција Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Следниот период ќе биде прилично исполнет со активности, каде што ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ќе преземе разно разни протестни активности низ целата држава, се до нашата конечна цел, се до конечната цел која што ја посакуваат и граѓаните и јавноста, тоа е опаметување на оваа криминална власт предводена од СДСМ и ДУИ, и распишување предвремени парламентарни избори“, истакна Арсовски.

Појасни дека тимови составени од извршниот комитет на партијата, пратениците, раководството ќе бидат присутни во секое населено место помеѓу населението и граѓаните и ќе се врши, како што најави, општа мобилизација на народот против власта, кој и онака, како што рече, веќе е на страната на ВМРО-ДПМНЕ.

„Предвремените парламентарни избори се нужни и мора да се случат што побрзо. Секој ден, ама буквално секој еден ден поминат со оваа Влада предводена од СДСМ и ДУИ е нова катастрофа и нов пораз и за државата и за граѓаните. Тоа мора да прекине и не смее да ни се случува повеќе како држава. Ковачевски и Ахмети треба јасно да знаат дека граѓаните бараат промена на оваа криминална власт и дека единствено, ама единствено решение се само предвремени парламентарни избори. И нема друго решение. Тоа е единственото решение“, напомена Арсовски.

„Доколку и понатаму продолжат да ја игнорираат потребата од избори кои што ги бараат ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата и граѓаните, ние ќе бидеме принудени да пристапиме како што најавивме и како што рековме кон целосна блокада на институциите, на патиштата, на целата држава, за конечно да се оствари целта која што ја посакуваат сите во оваа држава освен власта, а тоа се предвремени парламентарни избори. Доволно се кријат, доволно бегаат, нека излезат на мегдан да се соочат со ВМРО-ДПМНЕ, со опозицијата и со граѓаните“, порача Арсовски.

„Ако прејдеме на блокада на целата држава која исто така ќе биде успешна, секако ќе има избори, само треба да си ги скратат маките и нервозите“.

Затоа, како што кажа, потребни се предвремени парламентарни избори што побрзо, за да се поштеди целата држава од блокади, а воедно и оваа криминална власт, како што истакна, ќе ги поштеди и граѓаните од секојдневното крадење кое што во моментов го прават.

Можете да прочитате

ЦУК: Два активни пожари, изгаснати 18, еден ставен под контрола

Филипче: Владата сака да биде најдобриот ученик, а за сега има само единици по сите предмети

СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова