Утрински Весник
Македонија

Уште 30 вработени се затруле со храна во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, мензата под клуч

Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДЗСИ) ја затвора втората менза во фабриката „Кромберг и Шуберт“ во Битола, откако кај нови 30 вработени се појавиле симптоми на труење со храна.

Според информациите од ДЗСИ за „Макфакс“ заедничко за сите е конзумирање на салата со краставица, домат и пченка.

Претходно неделава симптоми на труење пројавија седум лица кои завршија во битолската клиничка болница пришто едната од мензите беше веднаш ставена под клуч.

Можете да прочитате

Спречен обид за илегално преминување на државната граница

Акција на полицијата во Гостивар: Марихуана пронајдена при претрес на дом

Успешна потрага на Шара: пронајдена жената која исчезна при искачување кон „Титов Врв“