Утрински Весник
Свет

Шаленберг: ЕУ не смее да го заборави Западен Балкан

Австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Европската Унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, коментирајќи ја вчерашната поддршка на Киев од лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија.

„ЕУ не смее да потпадне под геостратешкиот ‘тунелен поглед’. Ние имаме одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, кои се кандидати веќе неколку години“, објасни Шаленберг.

Александар Шаленберг истакна дека сега мора да биде јасно дека процесот на проширување е од посебно значење, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Трамп подготвува голем економски притисок врз Иран

Голем пожар и во Белгија, ЕУ испраќа помош

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира