Утрински Весник
Македонија

Приведени насилници од Тетовско, полицијата принудена да пука во воздух

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Во тетовското село Шипковица, вчера напладне полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода А.М.(40) и Л.М.(39) од тетовско Гајре, кои на 11. и 13. месецов биле пријавени од две лица од Гајре и Шипковица дека им барале пари, им се заканувале, а на жителот од Шипковица му одзеле и добиток.

Како што информираат од МВР, при лишувањето двајцата се однесувале агресивно и физички ги нападнале полициските службеници, при што од еден полициски службеник бил испукан и предупредувачки куршум во воздух.

Насилниците се задржани во полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на пријавените случаи и ќе им бидат изготвени соодветни пријави.

Можете да прочитате

СДСМ: Прокува кујната за лаги

Дожд и снег утре, од петок стабилизација и студени утра

СДСМ: „Манасије српски“ – првиот македонски бот