Утрински Весник
Македонија

119 сообраќајни прекршоци во Скопје, 16 без возачка

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.06.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 119 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 15 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се седум мерки за користење на мобилен телефон, пет санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум санкции за недавање првенство на минување на пешаци, четири мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови.

Можете да прочитате

Невреме повторно се заканува: Попладне дожд, грмежи и град низ Македонија

Без нови рудници нема кој да ги замени старите

Претреси во демирхисарско: Пронајдени девет пушки и муниција, приведени четири лица