Утрински Весник
Спорт

Сигурна победа на Квартараро во Барселона

Возачот на Јамаха Фабио Квартараро е победник на трката во Каталонија во кралската класа во МОТо ГП шампионатот.

Практично од самиот почеток беше јасно дека Фабио Квартараро ќе слави во Барселона.

Веќе на самиот старт Такаки Накагами се елиминираше себеси и Франческо Бањаја од трката, а Квартараро извозе одлична трка од почетокот до крајот и сосема заслужено дојде до триумфот.

Неверојатното работа направи Алеш Еспаргаро на Априлија – практично имаше сигурно второ место, но на еден круг пред крајот почна да слави. И тоа го чинеше место на подиумот. На крајот заврши петти.

Грешката на Еспаргар ја искористи Хорхе Мартин, кој дојде на второто место, а Жоан Зарко заврши трет во трката.

На крајот и Жоан Мир го престигна Еспаргара.

Десетката ја комплетираа Лука Марини, Маверик Вињалес, Бред Биндер, Мигел Оливеира и Алекс Маркез.

> Сигурна победа на Квартараро во Барселона <

Можете да прочитате

Мундијалската турнеја на Инфантино: Над 50.000 километри со приватен авион за 24 натпревари

Вечерва три средби од нокаут фазата на Мундијалот

Зеленортските острови испишаа историја и се пласираа во нокаут фазата на Мундијалот