Утрински Весник
Свет

Тропската бура Алекс се движи кон Бермуди

Тропската бура Алекс, првата именувана временска катастрофа во овогодинешната сезона на урагани во Атлантикот, денеска се движи кон Бермуди откако синоќа ја премина Флорида со обилни врнежи од дожд кои поплавија бројни патишта.

Бурата достигна јачина на тропска бура откако рано утринава се засили на источниот брег на Флорида, пренесува АП.

Невремето од синоќа се движи североисточно со 35 километри на час, а се очекуваше да помине во близина или северно од Бермуди, каде веќе е на сила предупредувањето за тропска бура.

Можете да прочитате

Дронови влегоа во воздушниот простор на Латвија и Естонија, НАТО подигна авиони

Украински дронови нападнаа руско пристаниште во Балтикот

Нов руски напад врз Киев, најмалку седум загинати