Утрински Весник
Македонија

Тепачка со ножеви меѓу малолетници на прославата на ДУИ – има и повредени

Тројца малолетници се повредени во тепачка што се случила доцна синоќа за време на прославата на ДУИ на плоштадот „Скендербег“.

Според информациите, во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“ биле донесени со повреди од остар предмет 15 годишник од с.Арачиново, Г.С. (20) од с.Танушевци и А.Н.(20) од с.Брест.

Исто така во Полициската станица Бит Пазар биле приведени три малолетни лица, од кои двајца од Арачиново на возраст од 15 и 16 години и едно лице на возраст од 17 години од Скопје. Од нив биле одземени два ножа.

По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Можете да прочитате

Мицкоски му ја честита победата на Илија Срдановиќ, носител на Студентската листа во Србија

Пронајде 4.000 евра, но избра да биде чесен – Огнен доби признание

Силен ветер ќе ја зафати Македонија – граѓаните да бидат внимателни