Утрински Весник
Свет

Кина испраќа вселенско летало во вселената: Тројца астронаути ќе живеат таму во следните шест месеци

Кина утре ќе го испрати во вселената леталото, во кое ќе има тројца астронаути и ќе го носи модулот до недовршената вселенска станица, каде што ќе живее и работи во следните шест месеци.

Ракетата „Лонг Марч/2Ф“ го носи вселенското летало Шенжу-14 и утре ќе го напушти центарот за лансирање на сателити Џиукан.

Официјалниот претставник на кинеската агенција за вселенски истражувања Лин Сикијанг изјави дека командантот на мисијата Чен Донг ќе биде во леталото заедно со Лиу Јанг и Каи Сује.

– Сите подготовки за лансирањето се направени – нагласи Сикијанг.

„Шенжу-14“ ќе биде трета од четирите мисии со екипаж и седма од вкупно 11 мисии неопходни за да се заврши изградбата на вселенската станица до крајот на годината.

Кина започна со работа на изградба на вселенска станица со три модули во април минатата година со лансирањето на „Тианхе“, првиот и најголемиот од трите модули, пишува Ројтерс.

Можете да прочитате

Смртоносен вирус на крузер – експертите велат нема опасност од глобално ширење

Русија прогласи примирје поради воената парада

Зеленски: Русија е во фаза каде што нивната главна парада зависи од нас