Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Џафери ја доби интерпелацијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Img 7972

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска ја доби интерпелацијата поднесена од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, по која тој ќе постапи согласно роковите и процедурите предвидени со Деловникот на Собранието, информираат од парламентот.

„Според Деловникот на Собранието на Република Северна Македонија (член 45 став 3), интерпелацијата се поднесува до претседателот на Собранието, кој веднаш ја доставува до оној на кого му е упатена и до пратениците. Субјектот на кого му е поставена интерпелацијата има право да достави писмен одговор на поставената интерпелација до претседателот на Собранието, најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на интерпелацијата. (член 46)

Интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието, по истекот на 15 дена од денот на доставувањето на одговорот до пратениците. Ако одговорот не се поднесе во рокот утврден во членот 46 на овој Деловник, интерпелацијата се става на дневен ред на првата наредна седница на Собранието. (Член 47)

Согласно член 49 став 1 од Деловникот, претресот по интерпелацијата трае еден работен ден, до исцрпувањето на листата на пријавените пратеници за збор, а се одлучува најдоцна до 24.00 часот“, се наведува во соопштението на Собранието.

Можете да прочитате

Игнорирани и понижени – медицинските сестри бараат објаснување од Министерството за здравство

Филипче: Цените се надвор од контрола, затоа власта спинува со некакви куфери со пари

Кривична пријава за скопјанец за сторено кривично дело „убиство во обид“