Утрински Весник
Магазин

Бредли Купер непрепознатлив како легендарниот Леонард Бернштајн

Бредли Купер целосно се трансформираше како легендарниот композитор Леонард Бернштајн за улогата во биографскиот филм „Маестро“.

На првите фотографии од претстојниот биографски филм на „Нетфликс, Бредли Купер е тотално непрепознатлив со вешта употреба на протетика и филмска шминка.

Фотографиите од претстојниот филм за животот на американскиот композитор, диригент и пијанист, 47-годишниот актер е плукната слика на уметникот од Бродвеј кој создаде култни претстави како „Приказна од западната страна“.

Купер глуми и го режира проектот во кој ќе учествуваат Кери Малиган, Маја Хоук и Мет Бомер.

Можете да прочитате

Дневен хороскоп за 25 октомври: Време за искрени разговори и мали промени

Бојана Нушкова позираше во погребен ковчег и со црна долна облека

Намирници што содржат повеќе железо по порција отколку месото