Утрински Весник
Свет

(Видео) Руска водителка: Започна Третата светска војна, мора да го демилитаризираме НАТО

Специјалната операција на Кремљ во Украина заврши и започна Трета светска војна, тврди една од главните руски пропагандисти Олга Скабеева.

Обраќајќи им се на гледачите во нејзината емисија Росија 1, таа посочи дека Русија сега се соочува со ситуација во која ќе мора да го демилитаризира НАТО.

„Можеби дојде време да се признае дека руската специјална операција во Украина е завршена. Во смисла дека започна вистинска војна. Згора на тоа, тоа е Трета светска војна. Принудени сме да ја демилитаризираме не само Украина, туку и НАТО како целина“, рече таа.

Олга Скабеева во јавноста е позната како челичната телевизиска дама на Путин.

Можете да прочитате

Израелската армија изврши напад врз јужните предградија на Бејрут

Замир: Израелската армија е подготвена повторно да го нападне Иран

Абориџините обвинуваат дека компанијата „Рио Тинто“ предизвикала пресушување на свет извор со вода