Утрински Весник
Свет

ЕУ одлучи: Забранет увозот на нафта од Русија

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, нешто пред полноќ објави дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Брисел е постигнат договор за забрана за увоз на руска нафта.

„ Ова веднаш се однесува на повеќе од две третини од увозот на нафта од Русија, што го прекинува значителен извор на финансирање на руската воена машинерија“, напиша Мишел на Твитер.

Претседателот на Европскиот совет додава дека притисокот врз Русија ќе продолжи до крајот на војната во Украина.

Тој додава дека шестиот пакет санкции на ЕУ вклучува укинување на брзите трансакции со најголемата руска Сбербанк, забрана за емитување на програмите на три други руски државни медиуми и санкционирање на лица одговорни за воени злосторства во Украина.

Можете да прочитате

Пукање во фан зона во Калифорнија, eдно лице убиено

ЕУ ќе даде пет милиони евра помош за областите погодени од земјотресите во Венецуела

Иран нападна цели поврзани со американските сили како одговор на американскиот напад