Утрински Весник
Македонија

Утре сончево и топло, попладне краткотраен пороен дожд и грмежи

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 30 степени.

Следува период на претежно стабилно и топло време со појава на изолирана нестабилност во попладневните часови.

Можете да прочитате

Уапсени девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

Јосифоска: На 34 години ќе ме оставевте во количка и ќе ми го запревте животот

18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција