Утрински Весник
Спорт

Де Брујне: Лига на нациите? Преценети пријателски натпревари

Dik 300x250 mk

Фудбалерот на Манчестер сити и Белгија, Кевин де Брујне е среќен што мора да игра во натпреварите од Лигата на нации.

Според календарот на УЕФА, почетокот на јуни е резервиран за натпреварите на националните тимови. Со оглед на згуснатиот календар и фактот дека се е подредено на претстојното Светско првенство во Катар, натпреварите од Лигата на нации ќе се играат во јуни.

Фудбалерите не го делат мислењето на УЕФА дека треба да се играат овие натпревар, особено што доаѓаат кога клупската сезона е завршена.

„За мене Лигата на нации нема никакво значење. Ова се само обични пријателски натпревари, кои доаѓаат по напорната сезона. Ги играме тие натпревари, но тоа се преценети пријателски мечеви“, изјави Де Брујне.

Белгија во А-дивизијата ќе се соочи со Холандија (3.јуни), Полска (8.јуни), Велс (11.јуни) и повторно со Полска на 14. јуни.

> Де Брујне: Лига на нациите? Преценети пријателски натпревари <

Можете да прочитате

Токтасинов почина на 36 години – спортскиот свет во неверување

Ѓоковиќ донесе одлука за настапот на завршниот Мастерс

Почина екс тренерот на Шкупи, колабирал на терен