Утрински Весник
Свет

Вучиќ: Путин ми кажа дека постои договор помеѓу Москва и Киев што е на маса

Српскиот претседател Александар Вучиќ по телефонскиот разговор со рускиот претседател Владимир Путин изјави дека станало збор и за ситуацијата на бојното поле, а Путин му кажал дека има договор што е на маса во Москва и Киев.

„Реков дека сакаме да се воспостави мир што е можно поскоро, а тој ми рече дека има понуден договор со кој се запознаени и кој е на маса во Киев, Москва и западните центри. Но, не е мое да зборувам за тоа. Се надевам дека ќе биде воспоставен мир, Србија се залага за тоа“, рече Вучиќ.

Како што кажа српскиот претседател, Путин му рекол дека секогаш кога ќе треба, може повторно да му се јави.

Инаку двајцата лидери за време на разговорот договија испорака на гас во Србија за три години со непроменети услови. Како што објасни Вучиќ,  цената ќе биде многу поволна.

„Во зависност од дополнителните разговори со ‘Гаспром’, ќе можеме да ви ја кажеме точната цена. Ако пресметаме сега, тоа е 3 пати помалку, а во зима ќе биде 10 пати помалку од она што ќе го плати Европа“, рече Вучиќ.

Можете да прочитате

Милановиќ во ООН повика на признавање на палестинската држава

Над 60 полицајци повредени во вчерашните протести во Италија

Бил Гејтс донира над 900 милиони долари за борба против СИДА, маларија и туберкулоза