Утрински Весник
Македонија

Единствена Македонија побара од Руската православна црква да ја признае автокефалноста на МПЦ – Охридска архиепископија

Политичката партија Единствена Македонија побарала од Руската православна црква признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.

Од партијата на Јанко Бачев велат дека таквиот чекор е од големо значење, земајќи ја предвид водечката улога на Руската православна црква меѓу православните цркви.

„Врските меѓу Македонската православна црква – Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј. Но, од разноразни причини Руската православна црква досега не ја признаваше Македонската православна црква – Охридска архиепископија иако секогаш беше подготвена да им пружи православна помош на браќата во Македонија“, наведе партијата преку допис до медиумите.

Единстевна Македонија искрено се надева и ја очекува радосната вест од Руската православна црква да ја исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА и безусловно да обајви признавање на автокефалноста на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Можете да прочитате

Шекеринска ги обедини СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во чест на историскиот успех

Македонски автобус вечерва се излизга од автопат и удри во банкина во Србија

Мицкоски: Се надевам дека деновиве ќе имаме друга позиција од банките, целта е што пониска камата за бизнисот