Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Владата да приложи доказ дека службениците во Софија не патувале како новинари

Трет ден Владата на СДСМ молчи за екскурзиите на шестте владини службеници кои биле во Софија, најверојатно запишани како новинари, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Како што рече, шест службеници на чело со директорот на СОЗР, Пеце Мирчевски, биле 3 дена во Софија на трошок на државата, за да помогнат во организација како што велат на заедничката седница на Владите на Македонија и Бугарија, а притоа на седница на Владата никаде не било изгласано дека и тие може да одат на државен трошок, туку било изгласано само дека патните трошоци, превозот и сместувањето се покриени за новинарите.

„Очигледно овие 6 луѓе од СОЗР биле на државен трошок 3 дена во Софија, во редот со новинарите. Зошто од Владата и од СОЗР не приложат писмен доказ од седницата каде што е изгласано да одат и шестмината вработени во СОЗР во Владата како организациска поддршка и да потврдат впрочем дека не биле впишани како новинари ? Владата одамна е само една испостава за луксузирање и испостава за екскурзии на државен трошок. Луксузот на грбот на граѓаните е начин на живот на функционерите на СДСМ“, рече Арсовски.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Скандалозно е вработени во државни институции да се вбројуваат во редот на новинари и така да патуваат на службени патувања, само за да си ги покријат трошоците.

„Како што порачавме и вчера, штури деманти без докази се само потврда за овој скандал. Најмалку што можат да направат е да ги вратат парите во државната каса и да сносат одговорност за овој скандал“, додаде Арсовски.

Можете да прочитате

Алкохол, паника и бегство – рација на МВР на концерт со малолетници во Дојран

Денот на трудот, враќање на достоинството на работникот

КОЛУМНА НА ИВАН АТАНАСОВСКИ: ДЕНОТ НА ТРУДОТ, ВРАЌАЊЕ НА ДОСТОИНСТВОТО НА РАБОТНИКОТ