Утрински Весник
Свет

Молдавија: Статусот кандидат за ЕУ ​​не треба да и се дава само на Украина

Молдавија има „историска“ можност да се приклучи на Европската унија и сите проекти што ја приближуваат земјата до ЕУ не смеат да го заменат патот кон полноправно членство, изјави денеска премиерката Наталија Гаврилита, додавајќи дека кандидатскиот статус не треба да се доделува само на Украина.

Ројтерс наведува дека оваа земја ги забрзала напорите за влез во ЕУ поради страв дека може да биде вовлечена во конфликтот во Украина.

Премиерката на Молдавија изјави дека владата на таа земја цврсто верува дека членството во ЕУ е нешто што носи мир, стабилност и напредок, како и дека сакаат да бидат дел од слободниот свет и европското семејство.

Можете да прочитате

Јапонија евакуира 2,2 милиони луѓе поради тајфунот, се затвораат училишта и фабрики

Расте бројот на жртви во Венецуела, десетици илјади исчезнати

Рубио: САД не сакаат договор со Иран по секоја цена