Утрински Весник
Магазин

Ники Хилтон го покажа трудничкиот стомак на настан во Њујорк

Ники Хилтон го покажува својот труднички стомак во лелеав цветен фустан на добротворен настан посветен на заштита на бездомни животни – Animal Haven’s Benefit for the Animals – кој се одржа во „Трибека 360“ во Њујорк во средата.

„Анимал хевн“ или животински рај е приватен, непрофитен центар за згрижување бездомни мачки и кучиња, место каде што изгубените и напуштени животни можат да најдат храна и засолниште од суровоста на животот.

38-годишната наследничка на луксузни хотели  им мавташе на своите фанови пред да се упати кон главната локација на настанот.

Присуството на ваков настан се случи само неколку дена откако го покажа својот труднички стомак на фотографија што ја сподели на Инстаграм.

Сестрата на Парис Хилтон додаде малку гламур на својот изглед за свеченоста со комплет блескави розови обетки.

Нејзината обемна руса коса е делумно врзана во плетенка, а остатокот паѓа на рамениците и градите.

Можете да прочитате

Чадот од шумските пожари го зголемува ризикот од срцеви и мозочни удари и може да биде смртоносен

Среќните парови почесто се расправаат!

Внимавајте на нискиот притисок во лето: Опасноста од нагли падови е реална!