Утрински Весник
Економија

Ковачевски: Посветени сме на заштитата на стандардот на граѓаните

300x250 (7)

Премиерот Димитар Ковачевски денеска се обрати на настанот по повод официјалното пуштање во работа на две нови инвестиции на Групацијата НИКОБ – ПЗУ НИКОБ Медикал и НИКОБ Лаб.

Премиерот Ковачевски овие инвестиции ги оцени како значајни затоа што се остваруваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места.

300x250 (7)

„Овие инвестиции се направени во екот на светската здравствена криза со КОВИД-19 со што групацијата НИКОБ покрај иницијативноста за инвестирање во време на криза покажа и општествена одговорност. Инвестициите како оваа денес и развојот на домашните компании се двигател на националната економија. Истите се возможни како резултат на заложбите на Владата насочени кон создавање услови за развој на приватниот сектор, но и овозможување услови младите својата иднина да ја градат тука, дома, во компании кои се посветени да придонесат кон економскиот развој на државата но и да вложат во развој на човечкиот капитал.

Овие инвестиции се исто така значајни и нивната вредност е уште поголема со оглед на тоа што се случуваат во услови на сегашната економско-енергетска криза, а значат раст на бројот на работни места. Во таа насока, инвестицијата на оваа компанија ја гледаме и од аспект на отворање на нови, високо стручни работни места за наши сограѓани кои своите професионални ангажмани сега ги остваруваат во групација која има преку 2.600 вработени.

Зачувувањето и отворањето на нови работните места е висок приоритет на оваа Влада. И во услови на пандемија, со шесте пакети антикризни мерки, кои се проценети на вредност од околу 1,2 милијарди евра, беа сочувани околу 60-80.000 работни места и беа поддржани преку 20.000 компании.

Согласно плановите за развој стапката на вработување се предвидува да се зголеми на 54,3% во 2026 година, а стапката на невработеност за првпат да влезе во едноцифрена зона до 2026 година од 8,6 %.

Сите овие политики и мерки обезбедуваат поддршка и за граѓаните и за компаниите со што се овозможува поволна клима за понатамошен економски развој. Од тој аспект иницијативноста каква што ја покажува НИКОБ Групацијата е особено ценета бидејќи е резултат на прифаќање на предизвиците кои со правилен пристап, посветено и заеднички можат да се совладаат“, посочи премиерот во своето обраќање.

Ss1

Можете да прочитате

Доделување грантови од третиот повик на Регионалниот фонд за предизвици

Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март

Вицегувернерката Митреска: Народната банка го поттикнува зеленото кредитирање