Утрински Весник
Македонија

Пендаровски го прими седумгодишниот Македон кој има математичко знаење на средношколско ниво

Whatsapp Image 2024 05 16 At 11.05.40 (1)

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Македон Димитриевски, ученик во второ одделение во ОУ „Лирија“ од Тетово, кој поседува натпросечна интелигенција.

Pet Utrinski

Во разговорот со Македон, претседателот беше запознаен со афинитетите, интересите, досегашните успеси, вештини и знаења кои ги поседува седумгодишниот ученик, како и со неговите желби и предизвици во иднина.

Screenshot

Тој истакна дека му претставува особена чест што има можност да го запознае малиот генијалец, со кој се гордее нашата држава и да го охрабри и поддржи неговиот иден севкупен развој.

„Овие ученици се од посебен интерес за нашето општество и заслужуваат максимална посветеност од страна на државата“, рече претседателот на средбата, посочувајќи дека е неопходно институциите да создадат стимулативна средина која ќе го поддржи, поттикне и насочи развојот на децата со натпросечна интелигенција.

„Надарените и талентирани ученици имаат комплексни образовни потреби, што претставува посебен предизвик за образовниот систем и ја наметнува потребата од индивидуализирани програми адаптирани на надарените ученици“, додаде претседателот Пендаровски.

Претседателот му честиташе на Македон за освоениот златен медал на натпреварот „Математика без граници“, во конкуренција на 4.000 учесници од 22 земји од светот и му посака уште многу успеси во иднина.

Македон поседува коефициент на интелигенција 134, говори повеќе странски јазици меѓу кои арапски и кинески, одлично ја усовршил астрономијата, а во фокусот на неговиот постојан интерес е математиката каде поседува знаење соодветно за средно образование.

Можете да прочитате

Ален: Бевме разочарани кога видовме дека Сиљановска Давкова не го користи целосното име Северна Македонија

Велешанец при собирање печурки го погодил проектил од огнено оружје во левата нога

Детектор анкета: Секој трет размислува да се исели од Македонија