Утрински Весник
Македонија

Николова: СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард

СДСМ инвестира во повисоки плати, нови училишта и повисок ученички стандард, изјави на прес-конференција, пратеничката на СДСМ, Даниела Николова.

Таа образложи дека со постигнатиот договор меѓу Владата и Синдикатот, за пет години платите во образованието вкупно ќе пораснат за 36 отсто во споредба со 2017 година. Освен во основното и средното образование, вели Николова, растат платите и на вработените во високото образование.

„За првпат беше потпишан Колективен договор со што платите во високото образование се зголемија за 10 отсто, a со тоа започна исплатата и на минатиот труд. Меѓу првите одлуки на Владата предводена од СДСМ беше укинувањето на екстерното тестирање кое не само што беше непотребен товар за учениците, беше и алатка за притисок кон наставниците. Освен во платите, инвестираме и во инфраструктурата во образованието, за помалку од пет години, реконструирани и изградени се над 80 основни и средни училишта. Инвестираме и во ученичкиот и студентски стандард за да имаме помотивирани ученици и студенти. Ученичките стипендии, кои изнесуваа од 2.200 до 2.700 денари, ги зголемивме и ги израмнивме на 3.500 денари, со кои се опфаќаат околу 3.100 ученици. Двојно ги зголемивме стипендиите за студентите, а за првпат воведовме и стипендии за докторанди во износ од 18.000 денари“. изјави Николова.

Како што рече, грижата на СДСМ за образованието е постојана, но за жал, во Собранието, блокиран е Законот за наставници и стручни соработници во основните и средните училишта што ќе обезбеди уште повисоки плати и трајно вработување за 4.700 наставници и стручни соработници.

Можете да прочитате

Владата ги усвои измените на Законот за јавни набавки – исполнет чекор од Реформската агенда за поголема транспарентност, квалитет и ефикасност

Вештачење за „Пулс“: Од 2012 до 2025 не е извршена инспекциска контрола во дискотеката од страна на инспектор за противпожарна заштита

Сиљановска-Давкова: Пензионирањето не е крај на активниот живот, туку нова можност за мудроста и искуството