Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Пропаднатата блокада Мицкоски ја замени со протест за месец од сега

Пропаднаа обидите на ВМРО-ДПМНЕ за блокада на Собранието, „активната блокада“ издиша, па од досега невидените чекори што ги најавуваше Христијан Мицкоски му остана само да организира протест за еден месец од сега, велат од СДСМ преку соопштение.

Од партијата велат дека тоа што на Мицкоски му треба цел месец за да организира еден протест доволно говори за проблемите што тој ги има за да ја зачува фотелјата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Протестот е демократско и уставно загарантирано право, но прашањето на изборите е затворено. Парламентарни избори ќе има во 2024 и на тие ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски ќе бидат поразени, а претходно, ќе изгубат и на редовните претседателски избори исто така во 2024 година.

СДСМ заедно со граѓаните, заедно со парламентарното мнозинство ќе ги порази сите форми и блокади на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе продолжи со реализација на мерки и политики кои им помагаат на граѓаните и компаниите во справувањето со последиците од најголемата светска економска криза“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Можете да прочитате

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата

(Фото) Работниците протестираат за 100 евра плус, власта слави родендени во елитни ресторани

ДОМ предлага „Зелен Урбан Трансфер“: Дислокација на Усје без трошоци за државата и крај за бетонизацијата на Скопје