Утрински Весник
Свет

Почина митрополитот Иларион во Њујорк

Митрополитот источноамерикански и њујоркшки Иларион почина на 75-годишна возраст.

Веста ја потврди протоерејот на Руската православна катедрала Свети Јован Крстител, Виктор Потапов.

„ Денеска во 14 часот, нашиот сакан прв архиереј Иларион отиде кај Господ“, изјави Потапов за новинарите во Вашингтон.

Протоерејот истакнува дека засега нема повеќе информации, а повеќе детали ќе бидат објавени подоцна, пренесе Тасс.

Архиерејскиот синод на Руската православна црква надвор од Русија ја потврди веста за смртта на митрополитот Иларион.

Можете да прочитате

Комарци шират вирус во Шри Ланка, болниците се полни, aктивирани војска и дронови

Иран се заканува: „Оваа војна е сè или ништо“

Трамп размислува за напади врз Мали