Утрински Весник
Македонија

Пет лица пред болница натепале прилепчанец и му го искршиле автомобилот

Маж од Прилепско бил натепан пред болницатата „Борка Талески“-Прилеп од страна на пет лица, кои потоа му го искршиле и автомобилот.

„На 16.05.2022 во ОВР Прилеп, Б.А.(46) од с.Ропотово, општина Долнени, пријавил дека пред болницата „Борка Талески“-Прилеп бил физички нападнат од П.С., С.С., В.С., Ф.С. и Б.С., сите од с.Ропотово, при што го оштетиле и неговото патничко моторно возило „Форт Фиеста“ кое било паркирано пред Болницата“, соопшти МВР.

Претходно било пријавено дека лицата физички го нападнале и В.Т.(45) од с.Ропотово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можете да прочитате

Трендафилов: Владата и газдите си играат со животите на работниците

Во судството и 10.000 евра плата да им дадете, пак ќе крадат вели Туфегџиќ 

Трајановски: Нападите од Шилегов и Деспотовски се „стани ти да седнам јас“