Утрински Весник
Свет

Велика Британија ги санкционираше поранешната сопруга и роднините на Путин

Велика Британија го воведе најновиот пакет санкции кон Русија поради нејзините воени активности во Украина, фокусирајќи се на финансиската мрежа на рускиот претседател Владимир Путин, неговата поранешна сопруга и роднините.

„Откриваме и се фокусираме на сомнителна мрежа која го поддржува луксузниот начин на живот на Путин и ја зголемува злобноста во неговиот внатрешен круг“, рече британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

Шефот на британската дипломатија Лиз Трас наведува дека Британија „ќе продолжи да воведува санкции за сите оние кои ја помагаат и поддржуваат агресијата на Путин додека Украина не победи“, пренесе Танјуг.

Можете да прочитате

Нетанјаху: Пристапувањето на Саудиска Арабија кон Аврамски договори ќе биде „историско“

Трамп: Иран ќе се соочи со голема воена казна поради нападите на Хутите во Црвеното Море

Иран: Секоја британска база што ќе ја користат САД ќе биде легитимна цел