Утрински Весник
Свет

Си-ен-ен: Сирија му одобри пристап на руски брод со украдено украинско жито

Рускиот брод Матрос Позиниќ, за кој се верува дека превезува украдено жито од Украина, се прикотви во пристаништето Латакија во Сирија, откако најмалку едно пристаниште во Медитеранот му одбило пристап, јави Си-ен-ен.

Сателитските снимки и податоците од следењето покажуваат дека Матрос Позиниќ од Севастопол на Крим го преминал Босфорот и стигнал до египетското пристаниште Александрија, кое му одбило пристап.

Официјален Киев објави дека бродот бил натоварен со речиси 30.000 тони украинска пченица, пренесува Си-ен-ен.

Според украинските власти, овој брод е еден од трите руски бродови вклучени во трговија со украдено жито.

Крим, кој беше анектиран од Русија во 2014 година, произведува малку пченица поради недоволното наводнување, но украинските региони на север, кои се окупирани од руските сили од почетокот на март, произведуваат милиони тони жито секоја година, а украинските власти тврдат дека илјадници тони сега се транспортираат на Крим, наведува Си-ен-ен.

Можете да прочитате

Иран: Нашите нови тактики ќе ги шокираат САД и Израел

Иранскиот претседател вели дека Израел и САД треба „веднаш да ја прекинат агресијата“ за да се стави крај на војната

Дваесетина повредени во ирански напад со балистичка ракета врз Димона, каде е главната нуклеарна централа на Израел