Утрински Весник
Македонија

Приведен насилник кој демолирал автомобил додека во него биле жена и дете

Од страна на инспектори од Одделението за насилен криминал при СВР Скопје денеска од слобода бил лишен Б.Н. (39), поради сомнение за сторено кривично дело насилство.

Како што информираат од МВР, тој на 10. мај годинава на подрачјето на Центар физички го нападнал Д.Ј. (34) од Скопје и му го оштетил автомобилот, додека во него биле сопругата и малолетното дете.

На насилникот од страна на судија на претходна постапка при Основен кривичен суд – Скопје му е одреден притвор.

 

*Фотографијата е илустрација, а не од конкретниот настан

Можете да прочитате

Општините слабо работат на превенција на детското престапништво

Скопјанка измамена за 25.000 евра

Пешак удрен на паркинг во Аеродром