Утрински Весник
Македонија

Вработените од управата за водење на матични книги утре на протест, сообраќајот во Центар ќе биде блокиран

Вработените од управата за водење на матични книги, кои од минатата недела штрајкуваат, најавија дека утре ќе оддржат протест од 15 часот до 17 часот пред Министерството за правда, каде ќе бидат блокирани улиците.

Независниот синдикат на управата бара донесување на колективен договор на ниво на работодавач, линеарно покачување на платите за 30 отсто и подобрување на условите за работа.

Претседателот на Независниот синдикат на Управата за водење матични книги, Тони Милошески најави дека штрајкот ќе продолжи се’ до исполнување на барањата.

Можете да прочитате

Санкционирано лицето кое со камион истураше градежен шут на зелена површина

ЛДП со четири итни предлози од ЛДП за борба против канцерот кај жените

Брвеница в недела избира градоначалник: Радичевски и Јахији во вториот круг