Утрински Весник
Магазин

Едноставен трик за совршена скара

Веројатно знаете дека месото ќе биде највкусно ако се маринира, но важнa е и јачината на огнот за да не ги изгорите плескавиците и ќебапите или да не ги уништите пилешките крилца.

Љубителите на кулинарството од Good Housekeeping решија да проверат колку треба да биде јака скарата за да избегнат изгорено месо, кое често е сирово внатре, и препорачаа лесен начин за проверка.

По неколку тестови заклучиле дека треба да ја ставите раката над огнот, до 15 сантиметри, кога мислите дека е подготвен за скара. Потоа измерете во секунди колку долго успеавте да ја држите дланката над огнот пред да почне да ви пречи и ќе откриете дали е премногу слаба или пресилна.

Според нивните препораки, ако ја држите раката само две секунди, огнот е силен. Ако издржите три до четири секунди, тоа е средно до силен оган, а пет до шест секунди е средна јачина. Понатаму, седум до осум секунди значи дека е послаб оган, а повеќе од тоа не е добро за печење, пренесува tportal.

Можете да прочитате

Филмови што ја одбележаа првата половина на 2026 година

Колку кафе можете да пиете без ризик за вашето срце

Јапонките против новата владина одлука за носење кратки пантолони во канцелариите