Утрински Весник
Свет

Русите првпат ја нападнаа Украина од подморница, објавена снимка

Руска подморница стационирана во Црното Море за првпат беше употребена за напад на украински цели со крстосувачки ракети „Калибар“.

Видеото што го сподели руското Министерство за одбрана покажува серија проектили кои летаат од морето кон хоризонтот.

Русија соопшти дека ракетите погодиле украински воени цели, но тоа засега не може да се потврди преку независни извори.

Значајно е тоа што ова е првпат руската војска да пријави употреба на подморници во напад врз украински цели. Руската флота во Црното Море неодамна претрпе тежок удар кога нејзиниот команден брод „Москва“ беше потопен.

Можете да прочитате

Пад на цените на нафтата по објавата за можен договор меѓу САД и Иран

Над 900 случаи на ебола во Конго

Има сериозен предлог за договор меѓу САД и Иран тврди Рубио